fbpx

СНП: Барањата на СОНК се легитимни, СОНК нe

-

Иницијативниот одбор за формирање на Синдикат на Наставнички пленум (СНП) реагира на најавата на Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата (СОНК) да организира штрајк пред Министерството за образование и наука, велејќи дека иако барањата на штрајкот под патронат на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) се легитимни, но СОНК не е.

„Протестира СОНК, под патронат на КСС. Ние, Иницијативниот одбор на СНП, сметаме дека протестот е невиден сарказам и обид за нова манипулација со нашата фела. Имено, сите ние многу убаво знаеме и паметиме каква беше улогата на СОНК претходната деценија. СОНК, на чело со актуелното раководство, без да ги праша наставниците, без да го чуе нивниот глас, го аминуваше срамното екстерно проверување, наводно на знаења, реално како инструмент за пресметка со неистомислениците. СОНК потпиша Колективен договор и ниту еднаш не побара истиот да биде почитуван. СОНК ги премолча заменските наставници! СОНК го аминуваше укинувањето надомест за патни трошоци. Голем е бројот злодела против фелата од страна на СОНК. Затоа ние, наставниците, масовно почнавме да истапуваме од неговите редови. Затоа покренавме иницијатива за формирање синдикат“, се вели во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...