Снимката од „Поткуп“ се репризираше во судницата, завршни зборови на 15 мај


       
Скопје, 9 мај, 2018 - 11:29 (META) 

Деловите од снимката за наводните договарања од случајот „Поткуп“ на премиерот Зоран Заев кои беа објавени на „Јутјуб“ денеска беа пуштени во судницатa на Кривичниот суд, јави МКД.

Судот констатираше дека постојат три прекини на снимката, а потоа го праша Заев дали е тоа неговата канцеларија. Обвинетиот премиер потврдно одговори и дополни дека снимката е нецелосна и на крајот е повторно прекината. Целосната снимка се емитуваше во затворена судница во понеделникот.

Со ова рочиште судот ја заврши доказната постапка за случајот „Поткуп“ и закажа рочиште за завршни зборови на 15 мај, иако обвинителката Валентина Бислимовска од судот побара подолг временски период за, како што рече, сериозно да го разгледа предметот и да се подготви за завршен збор.