fbpx

Снежните врнежи продолжуваат, ќе дува умерен северен ветер

-

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од минус четири до три Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до минус еден степен.

Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...