fbpx

Сменетиот Панчевски се паркирал на местото на претседателот на судот

-

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, сменет од функцијата на 4 декември лани, денеска својот приватен автомобил „БМВ Х5“ го паркирал на местото резервирано за службеното возило на претседателот на судот, објави „СДК“.

Порталот објави фотографии од џипот, кои ги добил попладнево од судии од Основен суд Скопје 1.

На тоа место, со одлука на експретседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, ниеден судија, ниту кој било вработен од Кривичниот суд, не смее да паркира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.