Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатава ноќ, до утрово фрлиле 250 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица, соопштија од градската администрација.
Оттаму информираат дека индустриската сол има ефект до минус 6 Целзиусови степени и поради ниската температура можно е појавување на голомразица на коловозот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
Градската администрација потестува дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.