fbpx

И по 20 дена од смртта на Крпач, Обвинителството сè уште „интензивно работи“

-

Мистерија останува смртта на Коста Крпач, еден од 56-те лица аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, иако минаа цели 20 дена откако тој беше пронајден мртов во својот дом во Капиштец, пред кој сè уште стои паркирано комбито во кое тој пукаше.

Од Основното јавно обвинителство Скопје, кое обдукцискиот наод го доби уште наредниот ден, но побара и дополнителни вештачења и анализи, за „Мета“ велат дека сè уште интензивно работат.

„Во врска со предметот за кој прашувате, пристигнати се поголем дел од побараните вештачења. Во предметот секојдневно интензивно се преземаат дејства и се работи во насока на расветлување на настанот“, стои во кусиот одговор на Обвинителството на нашите прашања.

Ова е лаконскиот одговор на нашите прашања околу тоа дали има нови моменти во истрагата, дали се утврдени околностите за смртта на Крпач, завршило ли комплетирањето на наодите од вештачењата, обдукцијата и другите истражни мерки, како и тоа кога може да се очекуваат официјални и конкретни информации за случајот.

Телото на Крпач беше најдено на 27 април, неколку часа откако тој пукал од својот балкон кон комби паркирано на околу 50 метри од неговата зграда.

Комбито на фирмата „Мирновец пиротехника“ и денеска, какo што се уверивме, сè уште стои на истото место, на пакриралиштето на булеварот Митрополит Теодисиј Гологанов. На комбито стојат и полициските маркери од крим-техничкиот увид, кои ги покажуваат дупките од куршумите, кои буквално го продупчиле возилото од двете страни, што говори за моќта на оружјето со кое било пукано.

Интересно е дека и по смртта на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, за што во јавноста имаше многу контроверзии, на Обвинителството му требаа три месеци за да излезе со резултати од истрагата.

Младенов загина на 27 март 2013 година.

На официјалната прес-конференција на 10 јули 2013 година, на која присуствуваа републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, првиот човек на скопското јавно обвинителство, Гордана Гешковска, и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, смртта на Младенов беше прогласена за несреќен случај и беше соопштено дека нема докази што покажуваат дека сообраќајната незгода во која настрадал Младенов е резултат на сторено кривично дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...