fbpx

Словенија: Полицијата го претресе станот на поранешната премиерка Братушек

-

Словенечката полиција изутринава изврши претрес во куќата на поранешната премиерка Аленка Братушек, а подоцна во нејзино присуство влегле во просториите на пратеничкиот клуб во зградата на парламентот во Љубљана.

Портпаролот на полицијата, Драго Менегалија, изјави дека предистражната остапка, која почна утринава во шест часот, ја води Националниот истражен уред, полицискиот оддел за економски и организиран криминал, и оти се претресени повеќе локации.

– Истрагите се темелат на судската одредби и се одвиваат на пет локации. Се собираат информации и докази за базирано сомневање за казнено дело злоупотреба да службената положба и службените права – рече Менегалија, додавајќи дека никој од осомничените не е притворен и оти постапката ја води специјализирано државно обвинителство.

Адвокатот на поранешната премиерка изјави дека полициската истрага е во врска со постапката со која Братушек минатата година, од позиција на премиерка на која ѝ истекувал мандатот, се „самокандидирала“ за место во Европската комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.