fbpx

Словенечките и македонските компании ќе ја подобруваат соработката

-

Словенечката амбасада во Скопје денеска и утре организира средба на словенечки и на македонски компании кои најдобро котираат на берза или т.н. компании „блу чип“ (blue chip).

„Тоа е општа промоција на словенечката и на македонската економија, на која нивните највисоки претставници ќе разговараат за продлабочување на соработката, пронаоѓање начини за соработка, препознавајќи ги потенцијалите за зајакнување на истата, што ќе доведе до поголема трговска размена“, велат од словенечката амбасада.

Оттаму додаваат дека со овој иновативен настан сакаат да воспостават платформа за дискусии на стратешко ниво, кои ќе придонесат за нови перспективи за понатамошна соработка меѓу двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...