fbpx

Словаците на референдум ќе одлучуваат за отпишување на грчкиот долг

-

Словачкиот премиер Роберт Фицо предупреди дека за евентуалното отпишување и простување на дел од долговите на Грција Словаците мора да одлучат на референдум.

– Словачките гаранции за долговите на Антина се помали од еден отсто и отпишувањето на тој долг значи дека ќе го платат луѓето во Словачка. Ако нè тераат на тоа, мора да се распише референдум за луѓето да се изјаснат. Ако го игнорираат референдумот и покажат дека тоа не ги интересира, тогаш словачката влада ќе ѝ даде пари на Грција – рече премиерот на Словачка.

Фицо повторно предупреди дека не гледа причина зашто Словачка, со своите мали плати и пензии, треба да дава некому пари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....