fbpx

„Слобода наместо страв“: Герила-акција против масовното прислушување

-

Со герила-акција за подигнување на јавната свест против масовното прислушување, Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ се вклучи во акциите на меѓународното движење „Слобода наместо страв“ (Freedom not fear).

Како дел од акцијата, комби со голема сателитска антена, кое ги симболизираше т.н. „странски служби“ и на кое пишуваше „Слобода наместо страв“, ги посети Специјалното јавно обвинителство, Македонската радио-телевизија, СДСМ и зградата во која се сместени ДИК и неколку министерства.

nalepnici za telefon sloboda namesto strav 2
На минувачите им се делеа налепници за мобилен „Уредот се прислушува“

Активистите на минувачите им делеа летоци на кои пишуваше „Масовно прислушување – Дирекција за безбедност и контраразузнавање. Овозможено од македонските телеком-оператори“ и налепници за мобилни телефони на кои пишување „Уредот се прислушува“ и „Шпиониран уред“.

Меѓународното движење „Слобода наместо страв“ се залага за три основни принципи:
• Слобода на говор во дигиталниот свет и нецензуриран интернет;
• Приватност во општество базирано на знаење, наместо прислушување;
• Слободно живеење, наместо во страв.

Меѓународните денови за акција оваа година се одржуваат од 14 до 17 октомври.

Македонија во „Слобода наместо страв“ учествува од 2008 година.

Повеќе информации за движењето на светско ниво се достапни на www.freedomnotfear.org.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...