fbpx

Слика на Хитлер продадена за 130.000 евра

-

Акварел насликан од нацистичкиот лидер Адолф Хитлер е продаден за 130.000 евра на аукција во Нирнберг, Германија. Сликата, која ја насликал младиот Хитлер во 1914 година, ја купил анонимен купувач од Блискиот Исток, потврдуваат од аукциската куќа „Вејдлер“.

Уметничкото дело било сопственост на две сестри откако нивниот дедо ја купил во 1916 година. Тие ќе донираат 10 отсто од заработката на добротворни организации кои се грижат за деца со инвалидитет.

Кога бил млад, Хитлер се борел за опстанок и пробувал да заработи пари како уметник. Тој нацртал повеќе од 2.000 слики, но многу критичари ја оцениле неговата работа како „бесвкусна“.

Аукциската куќа „Вејдлер“ продала пет слики на Хитлер за цена помеѓу 6.000 и 100.000 долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...