fbpx

Следната недела Хан во Скопје, Заев во Белград, седница со бугарската влада и пет судења

-

Следната недела македонските политичари, но и судовите ќе имаат набиена агенда. Се очекува посетата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, посета на владина делегација во Србија и заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија.

Во скопскиот Кривичен суд, за следната недела на распоредот се рочишта за случаите „Поткуп“, „Шамари“, „Труст“, „Триста“ и „Сопот“, кои предизвикуваат голем интерес во јавноста.

  • 20/21 ноември (понеделник/вторник) – Премиерот Зоран Заев ќе престојува во официјална посета на Србија, каде ќе се сретне со српската премиерка, Ана Брнабиќ, и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
  • 20/21 ноември (понеделник/вторник) – Во официјална посета на Македонија ќе пристигне еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, откако оваа недела тој во Брисел имаше средба со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. „Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје следната недела, со политички состаноци и со средби со граѓанското општество“, напиша Хан на „Твитер“.
  • 20 ноември (понеделник) – Во Кривичен суд е закажано рочиштето за случајот „Поткуп“, на кое треба да се појави премиерот Зоран Заев, но истиот ден тој ќе има средба со Хан и ќе патува за Белград, па можно е рочиштетот да биде одложено.
  • 20 ноември (понеделник) – Ќе има рочиште и за случајот на СЈО за случајот „Шамари“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
  • 20 ноември (понеделник) – Во хотелот „Александар палас“ ќе има јавна дискусија за предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на која ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и министерот без ресор задолжен за комуникација, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски.
  • 21 ноември (вторник) – Ќе има рочишта за предметите на СЈО, „Труст“ и „Триста“.
  • 22 ноември (среда) – На Комисија за европски прашања на второ читање ќе биде ставен законот за употреба на јазиците.
  • 22 ноември (среда) – Ден на албанската азбука.
  • 23 ноември (четврток) – Заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија, на која треба да бидат потпишани десет нови договори.
  • 23 ноември (четврток) – Во Кривичен суд е закажано судењето за случајот „Сопот“.

Во текот на наредната недела, a можеби и таа по неа, се очекува и официјалната посета на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на Грција, каде ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...