fbpx

Слатинско Езеро повторно полно со вода

-

Слатинско Езеро, покрај истоименото село во општина Дебрца, кое речиси до вчера беше празно, со протек само на малата река, повторно е полно со вода. Акумулацијата беше празна две години откако во февруари 2013 година пукна браната.

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, вели дека засега нема опасност од излевање.
– Ние будно ја набљудуваме состојбата со езерото. Засега нема опасност од излевање, но доколку продолжат обилните врнежи на дожд или дојде до нагло топење на снегот, може да биде ризично. Сепак, жителите ќе бидат навреме предупредени – појаснува Трајкоски.

Земјено-насипната брана е изградена во 1963 година, а Општина Дебрца има проект за нејзино обновување.
– Проектот за обновување на земјената брана на Слатинско Езеро е изработен од наша страна, веќе е одобрен, а издвоени се и финансиски средства. Се очекува браната да биде изградена комплетно во 2017 година. Токму околу Слатинско Езеро ние имаме предвидено и изградба на хотел за туристичките потреби – вели градоначалникот Игор Трајкоски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...