fbpx

СКСЗМ ги прогласи најдобрите 100 албански компании

-

Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска ги објави имињата на најдобрите албански компании во Македонија.

Меѓу најдобрите сто се најуспешните албански компании во Македонија, кои се избираат врз основа на три главни категории, односно вкупниот годишен приход, нето-добивката и бројот на вработени.

Со вкупен број од 5.077 вработени во компании кои се дел од каталогот за најдобрите 100 до крајот на 2015 година е забележан пораст од 27,24 проценти во изминатите четири години.

Извршниот директор на СКСЗМ, Фатмир Битиќи, го претстави годишниот обрт на компаниите во претходните четири години, истакнувајќи дека постои зголемување од 28,47 проценти, а во однос на нето-добивката, иако таа е зголемена за 20,49 проценти од 2012 година, како најуспешна година може да се смета 2013 година со добивка од околу 41,8 милиони евра.

Овој проект се реализира по шести пат и се прави избор на најмоќните компании во изминатата година кои имаат постигнато одредени перформанси и продолжуваат со постигнување позитивни резултати, благодарение на успешното управување на нивните претпријатија.

Меѓу најдобрите компании се прогласени „Нептун“,„Даути комерц“, „Бас тути фрути„ „Пофикс“ и други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...