fbpx

СКСЗМ бара институционална помош и за компаниите во поплавените подрачја

-

Седум милиони евра изнесува материјалната штета на компаниите во поплавените подрачја, покажува анкетата на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).

Оттаму информираат дека во оваа сума не се пресметани 1,5 милиони евра авансно платен данок на додадена вредност (ДДВ), како и 1,3 милиони евра за царини и за акцизи на уништената стока.

– Штетите од поплавите во Стајковци, Сингелиќ и во Арачиново за најголем дел од бизнисите ќе значат банкрот. Институционалната поддршка изостана, а тие не се моќни сами да застанат на нозе. Сега е вистинско време државата да покаже дека се грижи за стопанството, да се направи план и да се предложат конкретни мерки за заживување на компаниите – истакна претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа.

Тој додаде дека особено на удар се малите фирми, на кои ќе им бидат потребни две години за финансиски да се стабилизираат.

Бизнисмените истакнаа дека голем дел од нив ја стопирале работата. Нури Сулејмани од АД „Сингелиќ“, кој стопанисува со 700 хектари државно земјоделско земјиште, бара надлежните да ги регистриаат сите оштетени, независно дали се домаќинства или бизниси.

– Ние сме обесправени. Државата манифестираше различен аршин. На едни им ги исплаќа штетите, а другите не сака ни да ги евидентира – изјави Сулејмани во чија компанија се стопроцентно уништени површините, опремата, земјоделската механизација, објектите и стоката.

Бизнисмените од поплавените подрачја бараат да се донесе владина одлука за вклучување на економските оператори во институционалниот третман, да почне процесот на утврдување на штетите од релевантните институции и да се донесе одлука за степенот на покриеност на потенцијалните загуби на компаниите од овие подрачја.

– Да се евидентира ДДВ и царината на оштетената стока и да се најде начин за враќање или ослободување од нив на компаниите, без разлика дали тие ќе увезуваат следниот период. Во случај да не се увезува во траење од шест месеци, Комората бара компаниите да бидат ослободени од данок на добивка или други давачки во износ на штетите. Истото важи и за царинските и за акцизните давачки. Се предлага и четири до шест месеци субвенционирање на придонеси за вработените во сите компании – истакна Хоџа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...