fbpx

Скриената економија е од 24 до 47 проценти од БДП

-

Скриената економија во Македонија изнесува од 24 до 47 отсто од БДП. Овој податок беше истакнат на трибината „Справување со скриената економија“, во организација на Центарот за истражување и креирање политики.

– Скриената економија во Македонија е доста висока и тоа не е поради тоа што даноците се високи. Кај населението има недостиг од доверба кон Владата и поради тоа граѓаните избегнуваат плаќање даноци – смета Колин Вилијамс, професор по јавни политики на Универзитетот „Шефилд“.

Високата невработеност, според експертите, ги турка луѓето да прифатат непријавена работа.

– Од друга страна, постои политички протекционизам, при што некои од фирмите не плаќаат даноци или се повластени – изјави Руслан Стефанов, директор на економската програма на Центарот за изучување на демократијата од Софија.

Ако не се зголеми стандардот и не се намали невработеноста, не може да се очекува да се намали скриената економија.

Дури 40 процнети од платите не се пријавени или не се пријавени на целата сума, а 7 процнети од работниците немаат договор за работа.

Со оваа стапка на скриена економија, Македонија го зазема првото место во регионот и во Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...