fbpx

Скопје викендов ќе биде домаќин на најдобрите лизгачи од регионот

-

Скопје викендов ќе биде домаќин на најдобрите лизгачи од регионот кои ќе настапат на третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Скопје он ајс 2019“ (Skopje on ICE 2019“), на лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“.

Љубителите на уметничкото лизгање ќе имаат можност да уживаат во уметноста на мразот на повеќе од 70 натпреварувачи од кај нас, Србија и Бугарија.

„Нашата желба е преку вакви натпреварувања да покажеме дека нѝ се потребни подобри услови за тренирање на овој спорт преку изградба на затворено лизгалиште“, изјави Цветанка Марковска претседател на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија.

На „Скопје он ајс 2019“ ќе учествуваат натпреварувачи на возраст од 5 до 25 години кои ќе бидат поделени во пет категории: кадети, кадети Б и Ц, млади јуниори, јуниори и сениори. Натпреварот ќе биде поделен во два дена. Во петок своите вештини на мразот ќе ги покажат учесниците во интерпретативните категории, додека саботата ќе биде посветена на натпреварувачките категории. За значењето на натпреварот говори фактот што ќе се одвива по критериуми и правила стандардизирани од Меѓународната унија на уметничко лизгање (ISU).

Со цел натпреварот да биде достапен за сите кои сакаат да уживаат во уметноста на мразот во СРЦ „Борис Трајковски“, влезот и двата дена ќе биде слободен. Настанот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, како и од повеќе приватни компании.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...