fbpx

Скопје е најзагаден град во Европа, пишуваат босанските медиуми

-

Скопје е најзагадениот европски град, со многу висок индекс на загаденост, пишуваат босанските медиуми, повикувајќи се податоците на веб-страницата „Нумбео“, која собира податоци за градовите во различни категории.

Главниот град на Македонија, со индекс на загаденост од 84,82, е на врвот на листата на најзагадени европски градови. На второ место е Москва, со индекс 81,58, трет е Киев, додека италијанскиот индустриски центар Торино е на четвртото место. Тирана, од градовите во региот, е на петтото место на листата, а главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, е дванаесетти грaд по загаденост.

Податоците на страницата „Нумбео“ се базираат на перцепцијата  на посетителите на страницата.

Како што пишува босанскиот „24 инфо“, главна причина за ваквата состојба во Скопје е тешката индустрија.

„24 инфо“ додава дека граѓаните на Скопје се надеваат дека овој проблем ќе биде систематски решен, а дотогаш спасот од загадениот воздух го бараат на планината Водно, каде барем неколку часа ќе можат да се надишат чист воздух.

Мерењето на квалитетот на воздухот утрово покажува многу високо ниво на загаденост во Скопје, Велес, Битола, Кичево и во Тетово, стои на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Мерењата покажуваат многу висока концентрација на ПМ10-честичките во Центар, Лисиче, Гази Баба, како и на подрачјето на мерните станици Битола-2, Кичево, Велес-2 и Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...