fbpx

Скопје ќе добие електричен автобус

-

Градот Скопје денеска потпиша договор со израелската компанија „Чериот моторс“ за пробно користење електричен автобус за период од шест месеци.

Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските улици во април годинава, и тоа на линијата со број 15 на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4, по следната траса: булевар Јане Сандански, булевар Кочо Рацин, улица Димитрие Чуповски, булевар Партизански одреди и обратно. Во возилото може да се превезуваат до 85 патници.

Како што на потпишувањето истакна градоначалникот Петре Шилегов, автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија, троши минимално количество електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење. Станиците за полнење на крајните постојки во Ново Лисиче и во Карпош 4 се поставени со помош на ЕВН.

– Годинава предвидовме буџет за субвенции за набавка на еко-автобуси од 100 милиони денари (1,62 милиони евра), и за приватните превозници  од 20 милиони денари (325.000 евра). Скопје заслужува автобуски превоз што нема да загадува, ќе биде енергетски ефикасен и кој во целост ќе излезе во пресрет на потребите на граѓаните – нагласи градоначалникот Шилегов.

„Чериот моторс“ е израелска компанија за производство на електрични автобуси со седиште во Софија, која во соработка со кинеската компанија „Хајгер“ произведува 76 автобуси на ден. Нивните автобуси веќе сообраќаат по улиците на Белград, Грац, Тел Авив, а наскоро и во Мадрид и Салцбург.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...