fbpx

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот

-

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. На 13 ноември, пред 73 години борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22. гренадирска германска дивизија, составена од 47. и 65. полк и делови од 11. воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците на Народноослободителната војска со победоносен марш влегоа во Скопје.

Ослободувањето на Скопје ќе биде одбележан со повеќе култирни, хуманитарни и спортски манифестации.

По тој повод, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

Делегации на Собранието на Република Македонија и на Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на Градските гробишта „Бутел“.

Во 12.30 часот, пред Споменикот на ослободителите на Скопје, на платото пред Владата, државни делегации, борци од НОВ, претставници од Армијата на Република Македонија, од општините на Град Скопје, членови на други институции, како и официјалната делегација од Град Скопје ќе положат цвеќиња.

Чествувањето на Денот на ослободување на Скопје ќе продолжи вечерва во Музејот на Скопје каде ќе биде промовирана книгата „На Скопје со љубов“ на архитектот Живко Поповски.

Во фоајето на Македонската опрера и балет (МОБ) ќе бидат изложени дела од 12. Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2017“. Во МОБ свечено ќе биде одбележан празникот и ќе биде доделена наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.

Од спортските манифестации, досега се одржаа Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид, финални борби доделување на „Златниот гонг“ и ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“.

До крајот на месецов се предвидени повеќе активности, по повод Денот на ослободувањето на Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...