fbpx

Скопје го надмина годишниот ЕУ-лимит за аерозагадување уште во февруари

-

И оваа година Скопје ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари, што е показател дека еколошката и здравствена голгота на Скопјани продолжува и во 2018 година, информира групата „Скопје Смог Аларм“.

Како што објаснуваат екологистите, дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во просек во 24 часа е 50 микрограми на кубен метар. Во ЕУ, дозволениот број на надминувања на лимитите за PM10 честички е 35 денови во една календарска година.

„На 21 февруари 2018, овие ЕУ лимити се надминати на сите мерни станици во Скопје, освен Миладиновци, Општина Илинден“, велат од „Скопје Смог Аларм“.

Така, во однос на 35 пати дозволено пречекорување на нивото на загадување според стандардите на ЕУ, во Центар од почетокот на годинава се регистрирани 40 случаи на пречекорување, во Карпош 42  случаи, во Лисиче 47, на Гази Баба 45 и кај Ректоратот на УКИМ дури 54 пати.

„Апелираме до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија. Воздухот во Скопје не смее да се користи како канализација на тешката индустрија и градежната индустрија. Мерки како дводневен бесплатен превоз се премали за еден од најзагадените градови во светот. Како за пример, Германија планира да воведе целосно бесплатен јавен превоз во пет најзагадени градови. Исто така, Кина ја ангажира армијата за да засади дрвја, најмногу во околината на главниот град Пекинг, и привремено затвори голем број на фабрики со цел да се намали загадувањето. Париз неколку пати воведе „ден без автомобили“ во центарот на градот“, порачува „Скопје Смог Аларм“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...