fbpx

Скопјанка ограбена во центарот на градот

-

Дваесет и едногодишна скопјанка, вчера попладне, била ограбена од четворица разбојници во центарот на градот, соопшти полицијата.

Разбојништвото се случило околу 13.30 часот, на улицата 27 Март, во непосредна близина на објектот „Тифани“, кога четири непознати лица ја нападнале девојката и, заканувајќи ѝ се со нож, ѝ одзеле 800 денари, два мобилни телефони, марка „сажем“ и „алкател“, лична карта, клучеви и лични работи.

Скопјанката го пријавила случајот во полиција, која презема мерки за пронаоѓање на разбојниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...