fbpx

Скопјанец одгледувал марихуана која наводно му требала за магистратура

-

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 43-годишниот скопјанец П.М., осомничен за неовластено производство на марихуана, соопшти денеска МВР.

Како што информираат оттаму, осомничениот пред извесно време испратил барања до министерствата за земјоделство и за здравство да му издадат дозвола за одлгледување канабис сатива, која, наводно, му била потребна за изработка на магистерски труд.

Тој бил одбиен од двете министерства, а од министерството за здравство добил одговор дека „во Република Македонија, како членка на Обединетите нации, е забрането производството на канабис во сите форми и вариетети“.

По ова, скопјанецот во текот на оваа година, од Нови Сад, Србија, набавил 2 килограми семенски материјал од растението канабис и дел од семето засадил во селото Железница, Кратовско, додека другиот дел го чувал за понатамошно производство.

„Во текот на вчерашниот ден (26 јуни), по претходно обезбедена наредба за претрес од страна на СВР Куманово, во содејство со полициски службеници од одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР, извршен е претрес на објект и на нива на наведената локација, при што П.М. ги покажал парцелите каде има насадено канабис и тоа на парцела означена со Х1 биле пронајдени 791 насад со висина од 5 до 60 сантиметри. На парцела со ознака Х2 биле пронајдени 780 насади со иста висина, како и пластично црево за наводнување. На последната парцела биле пронајдени уште 14 насади. Освен на парцелите, при претрес во помошен објект (штала), биле пронајдени уште 312 растенија“, стои во соопштението на МВР.

Според полицијата, по извршеното вештачење било утврдено дека насадите, односно вкупно 1.897 растенија, се од родот канабис сатива и дека содржат психоактивни супстанции забранети за производство и за промет во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...