Скопјанецот Б.Д. (71) вчера попладне во полиција пријавил дека на плоштад „Македонија“ пред Ристиќева палата бил каснат од куче.
Според неговото тврдење, бил нападнат од група кучиња – скитници, при што едно од нив го искасало за раката, по што се упатил во болница каде добил лекарска помош.