!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Скопјанец го убил татко си со нож


       
Скопје, 7 септември, 2017 - 12:45 (META) 

Четириесет и едногодишниот скопјанец И.Т. синоќа со нож го убил својот татко во нивниот дом во населбата Црниче.

Полицијата била повикана од нивна сосетка, на улицата Чедомир Кантарџиев во Скопје, која пријавила дека соседите се тепаат. Кога пристигнале полицајците, на прагот на дневната соба го пронашле избоден Љ.Т. (68), а лекарот од итна медицинска помош констатирал смрт.

Како што соопшти СВР Скопје, сопругата на Љ.Т. изјавила дека додека со сопругот седеле во дневната соба, дошол нивниот син, ја откорнал влезната врата и влегол, по што ја избркал од собата. Потоа почнал да го влече татко си и во еден момент го избодел со нож. Осомничениот потоа заминал и по извесно време се пријавил во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде побарал помош, бидејќи имал расеченица на десната рака.

Осомничениот И.Т. е приведен и задржан во полициската станица во Кисела Вода, а по наредба на јавен обвинител, телото на убиениот е однесено на обдукција.