fbpx

Скопјанец фатен со 2,8 килограми хероин на Богородица

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) до велешкото јавно обвинителство поднело кривична пријава против 58-годишниот Е.Р. од Скопје, кој во четвртокот минатата недела бил уапсен на граничниот премин Богородица, при обид да прошверцува во земјава околу 2,8 килограми хероин.

Според МВР, против осомничениот е поднесена кривична пријава со која тој се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Судија на претходна постапка на скопјанецот му одредил мерка притвор од 30 дена.

Како што соопштуваат од МВР, осомничениот на 27 август со возило, марка „мерцедес мл“, се пријавил за влез од Грција во Македонија и поради зајакнатите контроли бил селектиран за царински и за полициски претрес.

„Од извршениот претрес во возилото од царинските службеници, под менувачот пронајден е специјално направен бункер во редукторот за задните погонски тркала. При извршениот детален претрес на возилото, биле пронајдени 12 полиетиленски пакувања со непозната прашкаста материја, на кои со црн и со син фломастер била напишана буквата „В“; едно искинато полиетиленско пакување со непозната прашкаста материја собрана од внатрешноста на редукторот; метална плочка; дел од менувач со остатоци од прашкастата материја; исечен дел од лименка со остатоци од прашкаста материја; празно полиетиленско кесе со остатоци од прашкаста материја; како и хартиена кеса од правосмукалка со остатоци од прашкаста материја“, се вели во соопштението на МВР.

По вештањето на прашкастата материја било утврдено дека станува збор за хероин со вкупна нето-маса од 2.789,5 грама, чија што вредност во малопродажба, според МВР, би достигнала повеќе од 200.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...