fbpx

СКМ: Компаниите да ги искористат можностите од Законот за финансиска поддршка

-

Со усвојувањето на новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите, се операционализираат дел од предлог-мерките кои Стопанската комора на Македонија ги предложи уште во 2010 година, информират од СКМ.

Од таму додаваат дека „мерките за поддршка кои ги предвидува овој Закон, за компаниите ќе значат можности да постигнат многу подобри резултати, да го прошират производниот асортиман, да го зголемат бројот на вработени лица, како и извозот“.

„Со овие мерки ќе се овозможат посилни повратни врски со странските директни инвестиции и повеќе ќе се стимулира извозот, кој е неопходен за да се постигне повисока стапка на економски раст и развој, преку обезбедување помош за унапредување на квалитетот, количествата и сигурноста на производите преку технички и менаџерски вештини, деловно планирање, пристап до капитал со зголемена технолошка и деловна софистицираност на домашните бизниси“, се вели во соопштението на Стопанска комора.

Од таму ги повикуваат сите компании во Македонија да се подготват за поднесување барања за користење финансиска поддршка и да ги искористат можностите за обезбедување поддршка за зголемување на нивната конкурентност, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој вчера беше усвоен во Собранието.

„Стопанската комора на Македонија ја поздравува иницијативата на Владата за законско нормирање на овој систем за поддршка на компаниите, но и конструктивноста на сите политички партии во Собранието во насока на одблокирање на процесот на усвојување на законските решенија, кои се од интерес за економијата, и кои се очекува да го подобрат деловниот амбиент во државата“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...