fbpx

СЈО: Со помош на експертот од „Ериксон“ ги зедовме сите податоци од УБК

-

Со помош на надворешниот експерт од шведската компанија „Ериксон“, денеска од помошните сервери во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Специјалното јавно обвинителство ги одзело сите податоци што ги бараше со судска наредба.

Ова попладнево го соопшти СЈО, од каде додаваат дека одземените податоци ќе бидат дополнително анализирани и сите наоди ќе бидат „благовремено споделени со јавноста“.

„Во текот на денешниот ден, со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во Управата за безбедност и контраразузнавање, беше извршено одземање на сите податоци од помошните сервери во согласност со судската наредба. Појаснуваме дека предметот е во предистражна постапка и во овој момент не сме во можност да обезбедиме дополнителни информации. Одземените податоци ќе бидат предмет на анализа и нашите наоѓања ќе бидат благовремено споделени со јавноста“, стои во соопштението од СЈО.

Оттаму појаснуваат дека спроведувањето на судската наредба од страна на надворешниот експерт било овозможено од директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, а дополнителни гаранции биле дадени и од министерот за внатрешни работи.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со тим обвинители и истражители во средата минатата недела влезе во УБК со два судски налози за одземање на документацијата за посебни истражни мерки и на податоци од системот за прислушување. По тензиите и обвинувањата за опструкција на истрагата, СЈО одзеде две третини од документацијата, а за другите беше договорено да се чека надворешниот експерт на „Ериксон“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...