fbpx

СЈО се премисли – го повлече барањето за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

-

Специјалното јавно обвинителство се откажало од барањето за замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, објави ТВ 24.

СЈО минатата недела со поднесок до Врховниот суд го повлекло барањето за заштита на законитоста со кое се бараа да се преиспита основаноста на одлуките на Кривичниот суд со кои беше одбиено нивното барање за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и централното седиште на партијата.

По поднесокот на СЈО, Врховниот суд одлучи да го се отфрли првичното барање за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, а одлуката е објавена на сајтот на судот.

СЈО во рамки на истрагата за случајот „Талир“, која се однесува на незаконското финансирање на партијата, побара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Иако ова обвинителство не успеа да ја затвори истрагата до истекувањето на крајниот рок за покревање обвинение, од СЈО соопштија дека ќе продолжат да испитуваат како партијата се стекнала со толкав имот. Под истрага беа 11 лица, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...