fbpx

СЈО: Сè повеќе граѓани проверуваат дали се прислушувани

-

Вкупно 81 барање до денеска пристигнале во Специјалното јавно обвинителство од граѓани кои се интересираат дали нивните телефонски броеви биле незаконски следени, соопшти денеска СЈО, додавајќи дека барањата се однесуваат на вкупно 245 телефонски броеви.

Од СЈО велат дека сите заинтересирани лица можат до нив да упатат писмено барање, во кое ќе го наведат телефонскиот број или броеви за кои се сомневаат дека биле предмет на незаконско следење на комуникациите.

„Во барањето потребно е да бидат наведени и имињата на лицата што ги користеле тие телефонски броеви и контакт-податоци за лицата. Барањата можат да бидат доставени лично, по пошта или по електронски пат. Во однос на сите досега поднесени барања за проверки на телефонски броеви, ја известуваме јавноста дека истрагата е во тек и кога ќе бидат обезбедени сите докази, подносителите на барањата ќе бидат известени за резултатите од истрагата. Во оваа насока појаснуваме дека лицата за кои ќе се утврди дека користеле телефонски броеви што биле предмет на незаконско следење на комуникациите, како и лицата за кои ќе се утврди дека биле соговорник на незаконски следен телефонски број, ќе бидат повикани во својство на оштетени лица“, стои во соопштението на СЈО.

Специјалното јавно обвинителство на 18 ноември ја објави истрагата за случајот „Таргет“, во кој, според досегашните податоци, вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање преку нејзините системи за следење на комуникација, во период од 2008 година до 2015 година.

СЈО побара, но Кривичниот суд одби да издаде налог за претрес на компјутерските системи на еден од телекомуникациските оператори, заради обезбедување податоци и докази во врска со телефонските броеви што биле цел на незаконското следење на комуникациите.

Од кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, додаваат дека наскоро ќе информираат и ќе обезбедат податоци за одредени предистражни постапки и истражни постапки, како и за други предмети што ги работи СЈО, меѓу кои и за случајот „Пуч“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...