fbpx

СЈО побара да се конфискува имот на Груевски, Протоѓер и Димовски, вреден 2,26 милиони евра

-

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска побара на дел од обвинетите во процесот „Титаник“, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никола Груевски, да им биде конфискуван имот.

Обвинителката Лиле Стефанова, во воведниот говор покрај осудителна пресуда, побара за надоместување на незаконски обезбедените средства за финансирање на изборната кампања во 2011 година конфискација на имот на Никола Груевски и Мартин Протoѓер во вредност од 34.908.777 денари (567.620 евра) што одговара на вредноста на парите прибрани за изборната кампања во таа година.

За изборите во 2013 година, Стефанова побара конфискација на имот во вредност од 41.435.100 денари (673.740 евра) од Никола Груевски, Илија Димовски и Леко Ристовски. Имот во вредност од 62.732.874 денари (1,02 милиони евра) треба да се конфискува од истите тројца поради незаконски прибраните средства за изборната кампања во 2014 година, посочи Стефанова.

Вкупниот имот што СЈО сака да се конфискува од обвинетите ако бидат прогласени за виновни е со вредност од 2,26 милиони евра.

Во обвинителниот акт за предметот „Титаник“, во кој се опфатени 21 обвинет, пишува дека Никола Груевски и Мартин Протоѓер од мај до јуни 2011 година како организатори на изборната кампања користеле недозволени средства за изборна кампања, кои потекнуваат од неидентификувани извори. Спротивно на Изборниот законик, не го пријавиле изворот на финансирање, со што го злоупотребиле законското овластување како организатори на изборната кампања.

Истото во 2013 година го правеле Илија Димовски и Леко Ристовски, поттикнати од Никола Груевски како соизвршители во кривичното дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...