fbpx

СЈО отвори истражна постапка против битолскиот градоначалник, Владимир Талески

-

Нова истражна постапка, под име „Транспортер“, отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во која ги испитува сомнежите за сторени злоупотреби со превоз за ученици од страна на 22 лица, меѓу кои и градоначалнкот на Битола, Владимир Талески, како и претседателот на општинската комисија за јавни набавки. Тие, како што на денешната прес-конференција најави обвинителката Фатиме Фетаи, се осомничени дека со злоупотреба на службената должност и овластувања го оштетиле буџетот на државата за  360.000 евра од државниот буџет.

– Денеска ќе имате можност да се запознаете со најскапиот превоз за ученици што го платила локалната власт на градот на конзулите надвор од сите законски норми. Овој предмет беше преземен од Обвинителството во Битола, кое веќе имаше нарачано економско вештачење за набавките во Општина Битола. Градоначалникот на Битола во договор со директорите на основните училишта и со превозниците „Хера турс“, „Транскоп АД“, „Џем турс“, „Боби турс“, „Марија транс“, „Хера превоз“ и „Гопеш транс“ и други нанеле вкупна штета во износ од 365.000 евра за само две учебни години. Инволвирани се градоначалникот на општината и претседателот на комисијата за јавни набавки и сопственик на книговодствено биро, кое ги водело книгите на некои од превозниците што ги добиле тендерите – рече Фетаи.

Во злоупотребата биле вмешани директорите на училиштата и директори на локалните претпријатија што се занимаваат со превоз на ученици. Тендерите ги добивале најчесто четири претпријатија кои биле во тесна врска со градоначалникот Талески и со претседателот на комисијата за јавни набавки.

На денешната прес-конференцијата на СЈО, присуствуваа и дипломатски претставници во земјава. Присутни се британскиот амбасадор Чарлс Гарет, германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели, холандскиот амбасадор Ваутер Пломп и други.

Обвинителките посочија дека и покрај одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичарите, тие продолжуваат со својата работа, но и дека противправно стекнатата имотна корист не може да се аболира, односно дека таа подлежи на конфискација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...