fbpx

СЈО и понатаму ќе отвора истраги, рече обвинителката Ристоска

-

Се надеваме дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена на случаите од висока корупција. СЈО и понатаму ќе отвора истраги. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа, порача обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, на конференцијата организирана од Институтот за европска политика -ЕПИ, за поглавјето 23.

Таа рече дека имале голем број предистражни постапки со меѓународен елемент и сето тоа го одолговлекувало моментот за одлуки.

– Најзначајната карактеристика на СЈО е токму автономијата. СЈО ги поседува потребните капацитети за борба против криминалот и реформите нема да бидат целосни ако не се опфати и СЈО – рече Ристоска.

Ристоска изјави дека се задоволни што биле одобрени 15 обвинителни акти и што има пресуди за 14 обвинети лица.

– Имаме започнато судења за најголем дел од обвиненијата. Имаме пресуди за 14 обвинети лица. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа – додаде обвинителката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...