fbpx

СЈО го објави вториот извештај, очекува непречена работа во интерес на правдата

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска го објави вториот шестмесечен извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство, кое беше формирано пред точно една година.

Извештајот, кој е на 16 страници, е поделен на шест глави, во кои се наведени детали за финансиското и за кадровското работење на СЈО во изминатите шест месеци, бројот на отворени предистражни и истражни постапки, двете поднесени обвиненија, преселувањето во новите простории на улицата Франклин Рузвелт, соработката со другите државни органи, која, како што стои во извештајот, сè уште е отежната и за другите предизвици со кои се соочуваат Јанева и нејзиниот тим.

„Наведениот временски период го карактеризира зголемена административна и оперативна активност, со проширено предметно постапување, позачестена соработка со други државни органи, покооперативна соработка со меѓународни институции, како и поинтензивна комуникација со домашната и со меѓународната јавност. Станува збор за континуитет во работата на ова јавно обвинителство, за зголемување на бројот на предистражните и на истражните дејства и на опфатот на инволвираните лица во тие дејства, за подобрување на стручниот капацитет на истражувачките тимови, како и за стручно и похрабро спротиставување на опструкцијата на работата на ова јавно обвинителство, за пораст на оптимизмот кај обвинителскиот тим, за поквалитетно извршување на поставените задачи и за зголемувањето на довербата на ова јавно обвинителство во очите на домашната и на меѓународната јавност“, стои во извештајот.

Јанева, исто така, вели дека во наредниот период очекува во целост да се нормализира соработката со институциите и со органите во земјата за да се овозможи непречена и ефикасна работа на Јавното обвинителство, што е во интерес на правдата и на сите граѓани.

Извештајот денеска ќе им биде доставен на Советот на јавни обвинители и на Собранието на Република Македонија, а специјаланата обвинителка изрази подготвеност и лично да се појави и да го претстави во овие две институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...