fbpx

СЈО го чува влезот на Централен регистар, истражителите ќе запленуваат документи

-

Истражители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и припадници на единицата „Алфи“ синоќа, го чуваа влезот на објектот на Централниот регистар за да не дозволат во текот на ноќта да се изнесат или уништат документи што се предмет на истрага на СЈО, објави телевизијата „Алсат М“.

Како што објавува телевизијата, ова го потврдиле и од СЈО, од каде што изјавиле дека пред крајот на работното време имало судска наредба за одземање документи од Централниот регистар, но по истата не било постапено бидејќи сите вработени биле пуштени да си заминат дома.

Истражителите и полицијата ќе останат да го чуваат објектот до почетокот на работното време, за да не дозволат влез или излез од објектот или изнесување документи, бидејќи како што велат, имале сомнеж дека е можно уништување на материјали кои потенцијално се од интерес на СЈО. Од кај Катица Јанева не откриваат за кој предмет се врши одземањето на документите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...