СЈО се откажа од дел од обвинението против новинарот Зоран Божиновски


       
Скопје, 20 јули, 2018 - 12:13 (META) 

Специјалното јавно обвинителство делумно (СЈО) се откажа од обвинението против новинарот Зоран Божиновски, кој наместо за три кривични дела по шест точки ќе биде обвинет за три кривични дела по пет точки, соопшти Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

СЈО, кое за случајот „Шпион“ ја презема надлежноста во март годинава, се откажа од точката 27, поради тоа што во обвинителниот акт, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое досега постапувало за случајот, нема наведено правна квалификација за кривичното дело.

Во одговорот на СЈО на прашањата на ЗНМ се вели дека точката се однесува на дејствие на друго лице за кое тоа лице веќе е осудено. За тоа веќе бил известен судот, кој се очекува да донесе решение за запирање на постапката по таа точка.