fbpx

СЈО да работи во рамки на ОЈО, предвидува стратегијата за реформи во правосудството

-

Работната група за подготвување на стратегијата за реформи на правосудниот сектор во Македонија денеска во Охрид ја презентираше нејзината нацрт-верзија, според која треба да се изработат законски решенија за судовите, јавното обвинителство, јавните обвинители и за судскиот совет.

Стратегијата за реформи во правосудството и акцискиот план предвидуваат подобрување на условите за работа на судиите, јавните обвинители, судската и на јавно-обвинителската служба, распределба на судските предмети (АКМИС) без надворешни влијанија, избор и унапредување на судии и на јавни обвинители според повисоки законски критериуми, донесување на нов кривичен законик, укинување на Вишиот управен суд, поништување на целиот процес на лустрација, како и избор и разрешување на судии и обвинители врз основа на објективни и мерливи критериуми.

Во однос на СЈО, стратегијата предвидува продолжување на работа на оваа институција во рамките на јавното обвинителство на Република Македонија со автономна надлежност проширена и со гонење на кривични дела од висок профил на корупција (white-collar crime).

Министерот за правда, Билен Саљији, рече дека Владата е цврсто одлучена реформите во овој сектор да бидат со цел враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, подобрување на пристапот до правда за сите граѓани, целосно владеење на правото и инсталирање на меритократијата во правосудниот сектор.

– Ова се едноставни принципи, но нивната имплементација е бескрајно компликувана. Оваа реформа е еден од клучните делови на планот „3-6- 9“ на Владата и донесувањето на оваа стратегија и нејзината имплементација ќе значат огромен чекор напред во приближувањето на владеењето на правото во Република Македонија со развиените западни демократии, па со тоа ќе биде совладана уште една препрека на патот кон евро-атлантските интеграции на Република Македонија – рече Саљији, кој ја повика опозицијата да даде поддршка во подготовката и во носењето на сите идни законски проекти кои произлегуваат од стратегијата.

Претседателката на работната група, Ана Павловска-Данева, ја повика јавноста да ја прегледа, прочита и да ја анализира стратегијата и порача дека во наредниот период работната група ќе биде на располагање да ги слушне сите сугестии и каде што е соодветно – да ги имплементира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...