fbpx

Сите сакаат свои експерти во ДИК

-

Партиите потписнички на Договорот од Пржино и денеска ќе продолжат со преговорите во работните групи, кои се одржуваат во Клубот на пратеници, за да ги решат проблемите што се појавија во врска со изборот на членови на Државната изборна комисија. Преговорите за медиумите сè уште се на пауза.

Европската унија е загрижена поради застојот во спроведување на Договорот од Пржино, изјави амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав. Тој вели дека приоритет на партиите треба да биде договор околу Државната изборна комисија, а потоа да се договараат законите што ќе ја регулираат медиумската сфера.

Според последните информации, стеснет е кругот на кандидати за трите експертски места во Државната изборна комисија, од речиси четириесетина аспиранти – претставници на партиите потписнички на договорот од Пржино – до десетина потенцијални членови со кои треба да се комплетира ДИК.

Како што дознава „Мета“, сите членови – експерти за кои досега се разговарало биле блиски или до власта или до опозицијата, што го ставало во прашање работењето и непристрасноста на комисијата.

Од извори блиски до преговарачите дознаваме дека партиите лобирале кај експертите што досега се пријавени за да ги придобијат на своја страна.

Според Договорот од Пржино, експертите треба да бидат прифатливи за сите политички партии што го потпишаа овој договор.

Како што брифираат извори од преговарачките групи, проблемот со експертите се јавува затоа што со новиот Изборен закон договорен на средбите на работните групи, надлежностите на ДИК се зголемени. Освен одлуките што ДИК ќе треба да ги носи за време на изборите, комисијата има надлежност да одлучува и за ветата на дополнителните министри и заменици-министри поставени во неколку министерства.

Своите членови на ДИК, партиите ги предложија уште минатата недела. Виолета Дума, која и сега е актуелен член на ДИК, и Игор Милев се предлози на СДСМ, а Силана Бонева и Сашо Срцев, исто така актуелен член на ДИК, се предлози на ВМРО-ДПМНЕ. Субхи Јакупи од ДУИ и Бедредин Ибраими од ДПА се, исто така, актуелни членови на највисокото изборно тело во државата.

Во составот на ДИК ќе има девет члена, тројца предложени од позицијата, тројца предложени и поддржани од опозицијата и тројца членови од редот на експертите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...