fbpx

Сите повици, совети и сугестии до Иванов да ја ревидира одлуката

-

Генералниот секретар на ОБСЕ, двајца еврокомесари, неколку министри на земји членки на ЕУ, амбасадорот на САД во Македонија, министерката за надворешни работи на Канада и заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања досега побараа македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, да ја преиспита својата одлука да не го додели мандатот на СДСМ, кој обезбеди 67 пратенички потписи, односно мнозинство во Собранието.

Ламберто Заниер, генералниот секретар на ОБСЕ, минатата недела на „Твитер“ изрази загриженост поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, за време на посетата на Македонија, побара од Иванов да ја ревидира својата одлука во интерес на граѓаните.

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и за соседска политика, порача дека „во демократија мора да се признае парламентарното мнозинство, иако некому тоа можеби не му се допаѓа“.

Џес Бејли, амбасадорот на САД во Македонија, минатата недела го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, повторно да ја разгледа својата одлука.

Сер Алан Данкан, британскиот министер за Европа, со порака објавена на веб-страницата на британската канцеларија за надворешни работи, истакна дека „67 од 120 пратеници се јасно мнозинство, а претседателот Иванов треба да си ја преиспита одлуката“.

Зигмар Габриел, шефот на германската дипломатија, изјави дека е вознемирен од состојбата во земјава и побара Иванов да ја преиспита одлуката.

Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, испратија повик да се почитува демократската одлука на граѓаните и да се прифати секое демократски договорено мнозинство.

Кристија Фриленд, канадската министерка за надворешни работи, на почетокот на оваа недела, испрати соопштение во кое ги повика македонските политички лидери да дозволат формирање влада без одложување, а претседателот Иванов да ја изврши својата уставна обврска.

Берт Кундерс, холандскиот министер за надворешни работи, изрази загриженост за актуелната состојба и повика на почитување на парламентарното мнозинство и на смирување на тензиите.

Хојт Брајан Ји, заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, од Загреб ги повика сите страни во Македонија да бидат подготвени на компромис и да се формира нова влада.

Арлем Дезир, државниот секретар на Франција за европски прашања, во изјава за актуелните политички случувања во Македонија порача дека Уставот, резултатите од парламентарните избори од 11 декември 2016 година и демократските принципи треба да се почитуваат.

Кристијан Хелбах, специјалниот ополномоштеник на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и со лидерите на политичките партии во Македонија, рече дека е потребно брзо формирање влада која ќе биде посветена на имплементирање на реформските приоритети.

Кејт Брнс од Мисијата на САД во ОБСЕ истакна дека Соединетите Американски Држави се разочарани што претседателот Иванов одби да им понуди можност да ја формираат новата влада на претставниците што имаат јасно парламентарно мнозинство и бара од него да ја преиспита својата одлука.

Од друга страна, пак, Иванов за одлуката да не го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев, поддршка доби само од руското Министерство за надворешни работи и од европратеничката Маријана Петир.

Руското МНР со соопштението од 2 март и со изјавата следниот ден го поддржа Иванов и ги обвини Хан, Могерини и Столтенберг дека „бесрамно вршат пртисок врз Иванов“.

Маријана Петир, европратеничката која претседава со групата на пријатели на Македонија во Европскиот парламент, изрази загриженост за политичката состојба во Македонија и за „прифаќањето на платформата на албанските партии од страна на СДСМ“ и побара да се разгледа можноста за одржување нови избори.

(Поопширно на http://meta.mk/koj-pobara-ivanov-da-ja-povleche-odlukata-a-koj-go-poddrzha/)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...