fbpx

Сите да работат за враќање на довербата во институциите, вели генералниот секретар на ОБСЕ

-

Успешното надминување на политичката криза и тековните напори за спроведување на владината реформска агенда нудат единствена можност за напредок, рече генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, по завршувањето на неговата дводневна посета на Скопје.

– Сите чинители треба да ги здружат силите во зајакнувањето на демократските процеси и во враќањето на довербата во институциите во земјата, воспоставувајќи ефективни механизми за контрола – рече Гремингер.

Тој ја истакна потребата да се работи на долгорочните структурни реформи во областите како што се владеењето на правото, слободата на медиумите, демократското владеење, полицијата и безбедносниот сектор.

Гремингер ги охрабри понатамошните чекори за градење кохезивно општество и продолжување на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Тој, исто така, ги поздрави напорите за зацврстување на добрососедските односи, вклучително и потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...