fbpx

СИРИЗА на тест да формира влада

-

СИРИЗА ќе мора да се обиде да формира коалициска влада. Левичарската партија која триумфираше на параламентарните избори не успеа да освои апсолутно мнозинство и ќе има 149 пратеници. Неопходни ѝ се уште барем двајца за да може да има мнозинство од 151 пратеник и да формира влада.

Според конечните резултати од 99,8 отсто пребројани гласови, СИРИЗА освои 36,34 отсто од гласовите, Нова демократија – 27,8, Златна зора – 6,2 отсто, Река – 6 отсто, Комунистичката партија – 5,4 отсто. Независни Грци успеаја да го надминат ПАСОК со 4,7 отсто поддршка, а грчките социјалисти сега се партија со најмал рејтинг во парламентот, со 4,6 отсто од вкупно освоени гласови. Новиот грчки парламент ќе има седум партии.

Во текот на денот се очекува првиот човек на СИРИЗА и потенцијален премиер на Грција, младиот Алексис Ципрас, да биде повикан кај претседателот Каролос Папуљас за и официјално да добие мандат за да формира влада. Ципрас ќе има три дена да формира влада. Доколку евентуално не успее, мандатот ќе оди кај Нова демократија.

Според медумските информации во Грција, можно е СИРИЗА веќе да има договорено коалиција со Независни Грци, екстремно десничарска партија, со која ги спојуваат исти ставови околу економските прашања и идеите за напуштање на пакетот за штедење и барањето за ново преговарање околу грчкиот долг. Ципрас е предвидено да се сретне со првиот човек на Независни Грци, Панос Каменос, околу 10.30 часот по локално време. Со поддршка од Независни Грци, СИРИЗА би имала мнозинство од 163 пратеници. Се слушаат информации и за барања за средби со Комунистичката партија и со Река на новинарот Ставрос Теодоракис.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...