fbpx

Сириската војска намерно бомбардирала училиште во Идлиб, оценија ОН

-

Независната меѓународна комисија за истрага во Сирија верува дека владините сили минатата година намерно бомбардирале школски комплекс на северот на земјата, при што загинаа 21 дете.

Комисијата наведува дека нападот на школскиот комплекс во покраината Идлиб под контрола на бунтовниците, претставува воено злосторство, додавајќи дека сириската војска тогаш била единствена која дејствувала со авиони во таа област.

Во извештајот, исто така, се заклучува дека владините сили свесно ја бомбардирале водоводната инфраструктура во сирискиот главен град Дамаск, што го загрозило водоснабдувањето за 5,5 милиони лица.

Владата во Дамаск и нејзините сојузници целосно ги занемариле животите на цивилите и меѓународното право, користејќи касетни бомби и хемиско оружје за време на судирите во Сирија, заклучуваат од ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...