fbpx

Сириската војска ги суспендира операциите во источен Алепо

-

Сириските безбедносни сили привремено ги суспендираа своите операции во источен Алепо за да се обезбеди евакуација на цивили кои се „заробени“ во борбената зона, соопшти рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

За време на прекинот на огнот, како што рече Лавров, би требало да се извлечат околу 8.000 луѓе.
САД го поздравија ваквото решение, но сепак се резервирани во поглед на тоа како ќе биде изведено извлекувањето.

– Нашиот приод кон ситуацијата во Алепо е внимателно да го ослушнуваме она што го вели Русија, но сме внимателни и кон сите нови акции што се преземаат – изјави претставник на Белата куќа.

Шефот на руската дипломатија најави дека в сабота во Женева ќе се одржи средба на руските и на американските експерти, на која ќе се разговара за завршувањето на насилствата во Алепо.

Во меѓувреме, рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија соопшти дека во последното деноноќие околу 8.500 жители на Алепо го напуштиле делот од градот што е под контрола на бунтовниците. Меѓу евакуираните се и 2.934 деца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...