fbpx

Сиријци штрајкуваат со глад пред грчкото собрание

-

Голема група Сиријци почнаа штрајк со глад пред грчкиот парламент.

Сиријците бараат да бидат признаени како бегалци и да добијат азил и заштита од грчката држава.

Штрајкувачите бараат Грција да им обезбеди покрив над глава и медицинска помош, а дел од нив и дозвола легално да ја напуштат државата и да заминат во други држави каде имаат роднини. Во групата од 200 до 500 бегалци се наоѓаат и неколку деца. Штрајкувачите седат пред собранието веќе неколку дена, покриени само со лесни ќебиња.

Од денеска тие имаат лента врз устата во знак на штрајкот со глад за да се прифати нивното барање.

Грчките власти бараат привремен простор каде може да ги сместат бегалците. Префектот на атинската префектура, Рена Дуру од СИРИЗА, се сретна со нив и најави дека ќе побара помош и од црквата и од министрите за внатрешни работи за да се најде решение за бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...