fbpx

Сирија: Обвинувањата на САД се нов холивудски заговор

-

Сириската влада соопшти дека обвиненијата на САД за масовни убиства на затвореници и за користење крематориуми за уништување на телата се целосно невистинити.

Министерството за надворешни работи на Сирија соопшти дека наводите претставуваат „нов холивудски заговор“ чија цел е да се оправда „агресијата и интервенцијата“ на САД.

Изјавата доаѓа два дена откако американскиот Стејт департмент ја обвини владата на сирискиот претседател Башар ал Асад за изведување масовни убиства на илјадници затвореници, спалувајќи ги нивните тела во голем крематориум во затворот „Сајданај“, надвор од Дамаск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...