fbpx

Сирија: „Лекари без граници“ работат за француските разузнавачки служби

-

„Лекари без граници“ треба да понесат одговорност затоа што не се консултирале со сириската влада за отворање болници, порача сирискиот амбасадор при ОН, Башар ел Џафари.

Тој ја обвини меѓународната организација „Лекари без граници“ со седиште во Париз дека работи за француските разузнавачки служби.

Од „Лекари без граници“ соопштија дека најмалку 11 лица настрадале во воздушен напад на болница што ѝ помага на организацијата во северната сириска провинција Идлиб.

– Таа наводна болница е отворена без дозвола на сириската влада, а таканаречените „Лекари без граници“ претставуваат разгранок на француската разузнавачка служба која дејствува во Сирија – рече Џафари.

Францускиот амбасадор при ОН, Франсоа Делетр, веднаш ја осуди сириската опозиција, оценувајќи дека сириската влада „уште еднаш го покажала своето вистинско лице“.

Џафари во понеделник ја обвини американската авијација дека ја бомбардирала болницата, додека властите во Вашингтон ги обвинија сирискиот режим и Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...