This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun May 20 11:57:16 2018 / +0000 GMT

Синдикатот на културата и Алаѓозовски се жалат на лошите закони на претходната власт




На две прес-конференции денеска, Синдикатот на културата и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, се пожалија на „лошите закони од претходната власт“. Синдикатот на културата се пожали и дека новата власт во изминативе месеци се уште не променила ништо во однос на тие закони, а нејзината намера да спроведува некои законски одредби само ќе ги продлабочи проблемите на вработените во културата.

Претставниците на синдикатот побараа Министерството за култура посилно да се ангажира во подготвување нов закон за култура, а во неговото пишување да бидат вклучени и и претставници на синдикати и носителите на дејност. Сегашниот, велат тие, уметниците и културни работници ги става во ригидна административна рамка, кој ја ограничила слободата на творење и претставува пример за легална закана од страна на работодавецот и отвора простор за партиски притисок и манипулација.

Беше побарано и Министерство за информатичко општество и администрација да го пролонгира рокот, кој сега е крајот на март, за изготвување на систематизации и за доделувања решенија за распределување на вработените, а Министерството за финансии да одобри средства за порамнување на платите во различните дејности на културата.

Министерот Алаѓозовски изјавувајќи дека е свесен оти формулацијата „даватели на услуги“ е понижувачка, рече дека законот мора да се почитува, но Министерството за култура е подготвено да изнајде решение.

- Предложивме да се употребува терминот „носител на дејност“ наместо „давател на услуги“,  како времено, техничко решение за издавање на решенијата и нивно евидентирање во електронскиот систем на МИОА - рече Алаѓозовски.
Post date: 2018-03-07 15:10:18
Post date GMT: 2018-03-07 14:10:18
Post modified date: 2018-03-07 15:10:18
Post modified date GMT: 2018-03-07 14:10:18
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com