Синдикатот на Југохром бара итна средба со премиерот, во спротивно ќе протестираат


       
Тетово, 7 мај, 2018 - 11:57 (META) 

Синдикатот на Југохром Алзар на 17 април доставил допис до владата за одржување на неодложна средба, поврзана со статусот на Југохром Јегуновце, информираат од таму.

Но, како што се додава во соопштението, средба немало.

„Затоа со овој допис повторно ви се обраќаме со барање за одржување на итна неодложна средба. Доколку до крајот на неделава не се одржи средбата, ние како Синдикат ќе бидеме принудени, поради огромниот притисок од напуштените работници, да организираме синдикални протести пред Владата“, се додава во соопштението.