fbpx

Синџирот маркети „Склавенитис“ го купи грчки „Веропулос“

-

Грчкиот синџир маркети „Склавенитис“ го купува „Веропулос“ и неговите маркети во Грција. Двете групации потпишале договор за спојување, кој се чека да биде одобрен од комисијата за конкуренција, со што ќе се создаде нов гигант на пазарот на маркети во Грција. Според соопштението од двете компании, договорот ќе ги опфати маркетите на „Веропулос“ во Грција, но не и тие во Македонија и во Србија.

Спојувањето на двата синџира маркети ќе значи нова групација со вкупно профит од продажба поголем од две милијарди евра и со повеќе од 342 маркети низ цела Грција. Се очекува „Склавенитис“ да го преземе „Веропулос“ штом се заврши реконструкција на менаџментот на групацијата „Веропулос“ и поделбата на менаџментот на активностите во Грција и во странство, односно активностите на Балканот.

Групацијата „Склавенитис“ во моментов има 160 маркети во Грција, наспроти 185 на „Веропулос“. Првата групација има годишна добивка без даноци од 10 милиони евра, додека пак „Веропулос“ 1,8 милиони евра. Од 11 маркети во Македонија, „Веропулос“ во 2013 имал профит од 64,8 милиони евра, а во Србија 46,7 милиони евра. Според соопштението, стабилноста што ќе ја имаат маркетите „Веропулос“ со спојувањето ќе ѝ дозволи на групацијата да продолжи со понатамошни инвестиции на Балканот, без да биде оптоварена со загубите на маркетите во Грција, кои не работат толку добро колку оние во Македонија и во Србија. Во 2013 година „Веропулос“ имал загуба од 3,6 милиони евра во Грција, додека пак загуба од 2 милиони евра од сите продавници на Балканот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...