fbpx

Силвана Бонева за патни трошоци од ДИК зела 12.000 евра

-

Силвана Бонева од Државната изборна комисија за шест месеци зела 12.000 евра за патни трошоци, објави телевизија „Алсат“. Бонева вели дека исплатата е според законот.

– Сè е исплатено согласно законот – вели Бонева.

ДИК од декември до јуни на нејзините членови за патни трошоци им исплатила вкупно 25.000 евра.

По Бонева, најмногу пари зел Атанас Урумов. кој е од Гевгелија и добил 6.800 евра. Бедредин Ибраими, кој доаѓа од Тетово, зел 3.000 евра, а Субхи Јакупи од Гостивар – 2.000 евра. Реџеп Прекопуца добил 500 евра, Игор Милев – 370 евра, а Александар Чичаковски потрошил 150 евра. Виолета Дума и Сашо Срцев не зеле пари за патни трошоци.

Силвана Бонева беше на удар на јавноста и претходно, кога медиумите објавија дека како пратеничка за само една година, за патни трошоци зела 23.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...